еМагазин
Image default
Македонија

Бектеши им се извини на новинарите за скандалозното однесување

Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции, стои во соопштението на Министерството за економија, а кое се однесува на вчерашното однесување на министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации.

Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично и се извинувам доколку без намера ја навредив.

Мојата соработката со сите новинари ќе продолжи и во иднина, имајќи најголема почит кон нив.

Во однос на Телевизија Телма, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол, која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните.

Во спротивно, горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпетрол: Пазарот со гас е одамна либерализиран, сегашните тендери се фарса

(Видео) Наместо да одговори зошто Македонија плаќа поскап гас, Бектеши ги нападна новинарите

Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица припадници на МВР позитивни на корона вирусот, полицискиот синдикат бара заштита

Редакција

Нови 882 случаи на Ковид-19 од 6.591 тестирања

Редакција

196 нови случаи на Ковид-19 од 2.067 тестови, 38 се реинфекции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница