еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Гркинката Ева Каили од корупцискиот скандал “Катаргејт“ во затвор работи за 0,75 евра на час

Сменетата потпретседателка на Европскиот парламент и приведена на почетокот на декември минатата година во истрагата “Катаргејт“, Ева Каили работи во затвор во Брисел за 0,75 евра на час, објавија белгиските медиуми.

Според медиумите Каили се однесува како и секој друг затвореник и сега таа учествува во чистењето на просториите и во кујнски работи.

Пред да го изгуби статусот, Каили работела за 7.146 евра месечно и имала на располагање уште 4.778 евра месечно за патни трошоци.

Одбраната на Каили неодамна пријавила лоши услови во притворот, па дури и дека Каили во еден момент била ставена во самица поради приговорите дека не и било дозволено да се тушира.

Каили беше сместена во најновиот затвор во Белгија и еден од најмодерните во Европа и светот. Затворот е лоциран во предградието на Брисел.

Обвинителите и судот го одбија нејзиното барање да биде ослободена со нараквица за следење.

Каили е обвинета дека била дел од организирана криминална група која пружала политички услуги на Мароко и Катар за паричен надомест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каили признала вина за „Катаргејт“ тврдаат медиумите, нејзиниот адвокат демантира

Партнерот на Каили вели дека тој е виновен и бара таа да биде ослободена за да се грижи за нивната 22-месечна ќерка

(Фото) Разрешната потпретседателка на ЕП, Каили негира вмешнаност во скандалот, белгиската полиција објави фотографија со куп пари

МИА/Фото: Министерство за труд на Катар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишна девојка, таа се бори за живот на Клинички

Редакција

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал“

Редакција

Сашко Кедев испишува историја: Го искачи К2, вториот највисок врв во светот, а за четири месеци застана на два врва над 8.000 метри

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница