еМагазин
Македонија

Уапсено едно лице за убиството на жената во село Велгошти

Вчера во 16,37 часот во Полициската станица Охрид пријавено е казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти, информираат од МВР.

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.

По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Медиумите објавија дека таа е мајка на две малолетни деца и била пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Ваљон Беља, кој беше застрелан во скопски Чаир

Редакција

Претседателката Сиљановска Давкова против менувањето на државниот грб и химната

Редакција

Убава вест: Оздравени 98 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница