еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од 1,5 до два денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 82 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 84, дизелот за 78,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,065 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,411 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,13 отсто, кај дизелот за 2,692 и кај екстра лесното масло за 2,466 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,535 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,169 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Не се игра на ваков терен“, изјави италијанскиот селектор Спалети, откако изиграа нерешено со Македонија

Редакција

Завршни зборови на судењето меѓу грчки „Интеркат“ и штипски „Бетон“

Редакција

Се уште неизвесно доаѓањето на рускиот министер Лавров во Скопје, за министерката Петровска тој не е добредојден

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница