еМагазин
Image default
Македонија

Во Леуново изгоре викендица во сопственост на семејството на Миле Зечевиќ, додека тој бил во неа

Изгоре викенд куќа во селото Леуново. Во пожарот кој избувнал утрово, нема повредени.

Причините за опожарувањето ќе се испитуваат наверојатно утре, првично станува збор за дефект на оџак.

Од СВР Тетово потврдуваат дека утрово околу 6 часот, скопјанецот М.З. (51) пријавил дека во викендичката во која престојувал, инаку сопственост на неговата мајка избувнал пожар.

Набрзо по пријавувањето интервенирала екипа на противпожарната единица од Гостивар и која го локализирала огнот.

Причините за настанувањето ќе се бараат и утврдуваат по увидот кој ќе се изврши откако ќе се обезбедат услови.

Повеќе медиуми јавија дека станува збор за викендица во сопственост на мајката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

МИА/еМагазин/фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Дебар еден месец без новозаразени со Ковид-19

Редакција

Починаа седум лица од Ковид-19, најмладиот на 43-годишна возраст

Редакција

Пожарникарите повторно херои на денот: „Гори Скопска Црна Гора, но ќе ја победиме огнената стихија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница