еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Испратени СМС-пораки со лажен линк на УЈП, Управата апелира да не се отвораат

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека вчера и денеска непознат испраќач, користејќи го нејзиното лого, преку СМС-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +389 79 212 628 со следната содржина: „Извршете ја задолжителната пријава на УЈП (ujp.mk/verifikacija).

-Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП и апелира да не се отвораат таквите СМС-пораки и да не се отвора линкот.

Доколку некој го отворил линкот пратен во порака, УЈП повикува да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што може да бидат злоупотребени.

-Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација, се наведува во соопштението. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Андреја Јосифовски купи акции на Макпетрол

Редакција

Функционерите ќе добијат повисоки плати, за Пендаровски тоа е невкусно во криза

Редакција

Охрид „врие“ од туристи: Искористени 1.996 ваучери за домашен туризам во периодот од 15 до 23 јули

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница