еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Проекција на филмот „1000 години сведок на светлината“ за Бигорски манастир во Рим

Филмот „1000 години сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во режија на Илија Ико Каров денеска ќе биде емитуван во Понтификалниот институт за ориентални студии во Рим.

Филмот ја доживеа својата гала премиера во салата на Македонскиот народен театар во април 2022 година, а денеска на иницијатива на македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски ќе биде проектиран во Институтот при Светата Столица.

Целта на оваа свечена проекција е да се истакне убавината и богатствто на македонското духовно и културно наследство, кое повеќе од илјада години во континуитет се негува во Бигорскиот манастир.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ

Редакција

УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во јавното здравство во вредност од 100.000 евра

Редакција

ОКТА со поддршка за соседните основни училишта преку новогодишна донација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница