еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

12-годишно дете претепано и премрзнато најдено на улица во Велес

Дванаесетгодишно дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ.

– Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во Велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас, појасни таа.

Во саботата околу 13 часот е пријавено дека во велешката Општа болница, со тешки телесни повреди, бил донесен малолетник, кој бил пронајден нa улицата „Алексо Демниевски“, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој додаде дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Портпаролката Елена Левкова Ќулумова, за МИА рече дека на Детското одделение во велешката болница во саботата било донесено дете, кое со тешки повреди било испратено на понатамошно лекување на скопските клиники.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Редакција

30-годишен Охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај село Подмолје

Редакција

Фирми од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга… зеле пари од државата преку мерката за плати на работниците, но не им ја исплатиле

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница