еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Смртниот биланс од земјотресите во Турција и Сирија се искачи на над 41 илјада

Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во Турција животот го загубија 35.418 лица, а во Сирија најмалку 5.800 луѓе. Речиси 100.000 се повредени.

Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца. Повеќе од 200.000 луѓе учествуваат во потрагата и спасувањето.

Близу 20.000 повредени се на болничко лекување. Во десет турски провинции, заедно со спасувачките напори, намерно се уриваат оштетените згради, а урнатините се расчистуваат.

Во меѓувреме продолжуваат „чудата„ и десеттиот ден од земјотресот. ТРТ утрово јави дека седумдесет и седумгодишната Фатма Гунгор е извлечена од урнатините 212 часа по разорниот земјотрес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

161 се реинфекции: 905 нови случаи на Ковид-19 од 2.808 тестови

Редакција

Скопска апелација ја потврди пресудата за случајот „Насилство во Центар”, а предметот „Тарифа” го врати на повторно судење

Редакција

Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница