еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американците го пратиле Османи да го посети Пендиков во Софија, тврди поранешниот заменик-министер Димитровски

Во интервју за радио Лидер поранешниот заменик-министер за локална самоуправа од Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски вели дека министерот за надворешни работи Бујар Османи го посетил секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков во Софија во „договор со Американците“, а одлуката дошла во време кога Османи веќе бил во Бугарија, на дводневно скијање во центарот Боровец.

Димитровски вели дека кога се случил инцидентот со тепањето во Охрид, премиерот Ковачевски имал средба со своите коалициони партнери на која Ковачевски им раскажал дека Османи го информирал дека ќе го посети Пендиков, односно дека посетата не била негова или одлука на Владата.

– Во тој момент еден од присутните го праша премиерот, добро зошто во тој случај го испраќате Бујар Османи во болница во Софија, да го види повредениот, да се извинува и така натаму. Премиерот тогаш ни одговори, не го испративме ние, ми се јави синоќа Бујар Османи и ми рече јас ќе одам во Софија, утре, и го прашал зошто одиш во Софија, па Османи му рекол ќе одам два дена на скијање во Боровец и ќе одам утре во Софија, да го видам Пендиков.

Зошто ќе одиш да го видиш Пендиков? Настанот е малку контроверзен, го земаа со авион и така натаму. И добро зошто ќе одиш да го видиш Пендиков, сè уште не е расчистен случајот, имаме полициска истрага во која гледаме дека случајот е за дрога. Па Бујар Османи му рекол знаеш јас се слушнав со Американците, рекоа дека можеби е добро да го посетам заради тензиите да се намалат меѓу двете страни, кажа Димитровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пендиков за БТВ раскажа како се освестил и преку ноќ станал Бугарин

Изјавите на Пендиков се чиста глупост, оцени Спасовски

Пендиков не е бугарски државјанин, еден од неговите напаѓачи е

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 8 пациенти, а вкупно се лекуваaт 290

Редакција

Шест македонски научници рангирани во топ највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“

Редакција

Денеска и утре невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница