еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бизнисмени инвестирале во 26 фотоволтаици за да си обезбедат струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираше дека во јануари биле инсталирани нови 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати, за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Станува збор за домашни стопанственици кои инвестираат во фотонапонски централи со цел да си обезбедат самостојно струја за производствените потреби.

Дел од стопанствениците кои добиле лиценци произведуваат мебел, кондиторски производи, а дел од нив се и од фармацевтскиот сектор.

„Интересот на приватниот сектор за инвестиции во фотоволтаични централи е висок, кумулативно ако се гледа за само 13 месеци, РКЕ има издадено лиценци за вкупно 293 централи со вкупниот инсталиран капацитет од 158.2 MW што се во функција и од кои се произведува електрична енергија од обновливи извори.

Во земјава само за една година и еден месец се изградени фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталираниот капацитет што е поголем од инсталираниот капацитет на ТЕЦ Осломеј. Струјата од сонце се покажа како главен штит на приватниот сектор во борбата за економски опстанок, зголемена конкурентност, раст и развој,“ изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Во 2022 година, РКЕ издала лиценци за вкупно 267 централи, што е скоро двојно повеќе од донесените одлуки за издавање на лиценци во претходните пет години (од 2017 до 2021 донесени се 146 одлуки за издавање на лиценци).

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седумгодишната Дениса има редок вид на леукемија, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција

Д-р Харис Бабачиќ објаснува за смртноста кај вакцинираните против Ковид-19

Редакција

Компанијата за аутсорсинг, ЕМАПТА, отвара делововен простор во ТИРЗ Скопје 1, ќе вработи 850 лица за пет години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница