Современ дом АД Прилеп во периодот од 01.01 до 31.12.2022 година оствари вкупни приходи од 148.737 илјади денари, кои се поголеми за 39% во однос на истиот период во 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.
-Во овој период остварен е позитивен финански резултат во нето износ од 17.826 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година е зголемен за 2.641%.
Вкупните расходи изнесуваат 129.770 илјади денари и истите се зголемени за околу 23% во однос на истиот период во 2021 година, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Современ дом со раст на добивката во првите девет месеци
По понудата за преземање: ЗСФ-КОМ и Современ дом купија 21.224 акции од Скопски пазар