еМагазин
Image default
Македонија

Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително

Собранието вечерва го заврши претресот по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека 104-тата седница ќе продолжи во 20:30 часот со расправа за разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за која се пријавени 39 пратеници.

Попладневниот дел од денешното продолжение на седницата помина во дебати и обвинувања за хакерскиот напад врз Фондот за здравство и врз другите државни институции наместо да се расправа за разрешувањето на министерот Алити.

Како што посочија пратениците од опозицијата има две можности зошто се прават хакерските напади – или хакерите разбрале дека од власта воопшто не знаат да го заштитат системот и им бараат пари за да им ги вратат податоците или власта намерно ги брише базите на податоци со нејзините криминали.

Во реплики, пак, пратениците од владејачкото мнозинство посочија дека ВМРО-ДПМНЕ постојано блокира и потсетија се што правеле кога биле на власт.

Расправата за разрешување на министерот Алити почна во петокот, откако во четвртокот вечерта заврши дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Клиниката за кожни болести која предизвика криза во државата со корона вирусот, ќе биде сменета уште денеска

Редакција

По инцидентот, Јанакиески и Ристовски префрлени во Хашкиот дел на затворот

Редакција

Во ГОБ „8 Септември“ по подолго време бројката на хоспитализирани пациенти заболени од корона вирусот е под 100

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница