еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Продолжува проектот на ЕВН Македонија за дуално образование „20-20-20“

Почна учебната година за втората генерација ученици во специјализираната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје. Над 20 ученици официјално седнаа на клупите во специјалниот кабинет, оформен за потребите на проектот „20-20-20“.

По повод првиот училишен ден на сите ученици од средното електротехничко училиште, им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер. Тој им порача дека направиле добар избор за училиште каде што ќе го стекнат своето образование и им посака успех во учењето.

„Овие ученици денеска инвестираат во нивната иднина. Тие одлучија да научат да работат, а да научиш како се работи денес, значи подобра иднина утре. За три години ќе ги вработуваме како електромонтери, но ова не значи дека ќе останат на таа позиција цел живот. Тие може да напредуваат во кариерата и да продолжат како специјалисти и проект инженери или пак еден ден да станат и технички директор на ЕВН. Се е возможно.“ порача Претседателот на Управниот одбор, г-дин Петер.

Благодарност до ЕВН за поддршката што ја дава на училиштето и проектите кои се реализираат заеднички, изрази директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ Димитар Ѓорѓиев.

Инаку првата генерација ученици од проектот „20-20-20“ успешно ја заврши годината. Тие ќе продолжат да се образуваат и да ја следат наставата во училиштето и да посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија.

Со проектот е планирано дваесетина средношколци од секоја генерација кои ќе покажат најдобар успех и ќе стекнат најмногу знаење, ќе добијат можност за вработување и загарантирана нето месечна плата од 20.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Европа ќе им даде дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно

Редакција

„Врба“ на фестивалска турнеја во Европа и САД

Редакција

(Фото) Нов брендинг на Халкбанк инспириран од македонската традиција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница