еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Кина има мировен план за војната, Украина и Русија го поздравија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва го цени кинескиот план за решавање на конфликтот во Украина и е отворена за опцијата за постигнување на целите на „специјалната воена операција“ преку политички и дипломатски средства, додавајќи дека тоа би претпоставувало признавање на „новата територијална реалност“ во Украина, пишува Гардијан.

И украинскиот претседател го искоментира кинескиот мировен план за време на прес-конференцијата по повод годишнината од руската инвазија.

-Добро е што Кина зборува за Украина. Пекинг нема лоши интереси. Според соопштението, Кина го почитува нашиот територијален интегритет. Но, прашањето е што следи по тие зборови. Прашањето е во чекорите и каде ќе водат тие. Некои точки во декларацијата ми се разбирливи, а со некои не се согласувам, изјави Володимир Зеленски.

Кина повика на обновување на мировните преговори меѓу Русија и Украина со цел да се стави крај на војната. На веб-страницата на кинеското МНР објавија документ со 12 точки.

Во првата точка сите инволвирани страни се повикуваат да го почитуваат суверенитетот на сите народи. Планот го повикува светот „да го напушти менталитетот на Студената војна“ со ставање крај на „сите еднострани санкции кои не се одобрени од Советот за безбедност на ОН“.

Голем број земји воведоа санкции кон Русија, земјата која ја почна војната во Украина. Кина повикува на прекин на непријателствата преку дијалог и преговори, додавајќи дека Пекинг планира да „игра конструктивна улога“.

Кина исто така бара решенија за хуманитарната криза предизвикана од војната, заштита на цивилите и воените заробеници и безбедноста на нуклеарните централи.

Под точката „намалување на стратешките ризици“ во кинескиот документ, се наведува дека „не смее да се користи нуклеарно оружје“ и се изразува противење на каква било закана која вклучува нуклеарно оружје.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Да купиме акции од ученичка компанија од Берово, за да ги брендираат локалните малешевски производи

Редакција

Таравари разрешен, Села неговото “крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција

Пациенти на Онкологија дадоа исказ во Обвинителство, ги повикаа и другите за успешност на истрагата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница