еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Волстрит журнал: Најголемите европски земји од НАТО ја охрабруваат Украина да размисли за мировни преговори со Русија

Најголемите европски земји на НАТО ја охрабруваат Украина да размисли за мировни преговори со Русија, пишува Волстрит журнал.

Германија, Франција и Велика Британија гледаат на зајакнувањето на врските на Алијансата со Киев како поттик да убедат да почне разговори со Москва подоцна оваа година, објави американскиот весник цитирајќи владини извори од трите држави. Тоа се случува во време кога некои западни партнери се повеќе се сомневаат дека Украина ќе успее да ги врати назад сите нејзини територии окупирани од Русија, забележува изданието.

Минатата недела британскиот премиер Риши Сунак претстави план со кој на Украина, по завршувањето на војната, и се дава поголем пристап до модерно оружје и муниција за да се заштитува. За проектот ќе се разговара на самитот на НАТО во јули, рече Сунак.

Волстрит журнал цитира извори кои наведуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон му кажале на украинскиот претседател Володимир Зеленски на нивната трилатерална средба во Париз претходно овој месец дека треба да размисли за мировни преговори со Москва.

Украинските власти сега одбиваат да преговараат со Русија доколку таа не се повлече од сите окупирани територии, услов што Москва категорично го отфрла.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана распиша тендер за купување машки и женски чевли

Редакција

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)

Редакција

Поради „скриена амнестија“: Партиите на Албанците без подршка за последната верзија на Законот за ЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница