еМагазин
Image default
Македонија

Во Собрание продолжува расправата за реконструкција на Владата

Собранието денеска ќе ја продолжи 104. седница најверојатно со гласање за разрешување на замениците министри откако синоќа заврши расправата по оваа точка од дневниот ред. Потоа пленарната седница треба да продолжи со изборот на новите заменици министри.

Премиерот Димитар Ковачевски за заменици министри ги предложи Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството за правда, Вјолца Бериша во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во Министерството за здравство и Агим Нухиу во Министерството за образование, наука и спорт.

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски од Алијанса за Албанците и СДСМ беа избрани пред полноќ во понеделникот.

Во вечерашното продолжение на 104. седница зборуваа само пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, според кои Владата во недостиг на резултати се обидува да се сокрие под превезот на евроинтеграцијата. Тие му порачаа на премиерот Ковачевски дека по владеењето на СДСМ ќе има системска, финансиска и општествена одговорност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување

Редакција

Рочиштето за „Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември бидејќи Сашо Мијалков има Ковид-19

Редакција

(Видео) Даравелски излезе од затвор, снимен за првпат по 20 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница