еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра

Приватните превозници во јавниот автобуски превоз и Град Скопје денеска постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра, повтрди за МИА членот на приватните превозници, Јовица Зафировски.

Тој потенцита дека повеќе детали ќе се објават на денешната прес-конференцијата закажана за во 11 часот.

Инаку, приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје.

Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град.

Во меѓувреме градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право.

Јавниот градски превоз, во меѓувреме продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во наредните 10 дена ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи, тврди Бектеши

Редакција

(Видео) Почина легендарната Нина Спирова: Ни остави незаборавни песни

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Битола за набавка на масло за греење вреден 554.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница