еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ од Битола: „Ова навистина беше наша вечер”

Синоќа, на сцената на Центарот за култура, битолската публика и гости од други градови со многу аплаузи, овации и враќања на сцена го наградија Иван Босиљчиќ.

Тој е славен актер кој освен што глуми, пее, рецитира поезија, а вчера докажа дека е миленик на жените од целиот регион.

Роден е 1979 година во Ужице, најпознат е по улогите „Рањени орао“, „Грех њене мајке“, „Непобедиво срце“ и „Ургентни центар“, а е во брак со пејачката Јелена Томашевиќ. Тој во последните години се проби и на рускиот пазар каде има одлична кариера.

Синоќа настапи и со поезија и музика, а вечерта со Босиљчиќ, кој повеќе од деценија доминира на ТВ екраните, на филмското платно и на театарските сцени, интернационално, долго ќе се памети.

Тој со голем успех ги претставува и своите авторски проекти за љубителите на поезијата и музиката, а синоќа докажа дека умее да направи совршен спој во уметничка вечер која донесе возбудување на драмска претстава, но и на врвен музички настан, посебен и ретко виден на нашите простори.

Центарот за култура овој настан го распродаде за само неколку часови.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Горан Мисовски, кандидатот за нов претседател на НСДП

Редакција

Цунамито државни вработувања продолжува и во 2019 година

Редакција

Од денеска до сабота затворени улиците околу гробот на Гоце Делчев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница