еМагазин
Локално

Се запали автомобил во движење на автопатот Табановце-Куманово

На 03.09.2018 година околу 18.00 часот на автопатот Табановце-Куманово, при движење настанал пожар во предниот дел на патничко возило „Шкода Фаворит“ со полски регистарски ознаки, управувано од В.П.С.(31), во кое како сопатници се превезувале уште три лица – државјани на Република Полска, информира МВР.

Возачот застанал и со противпожарни апарати се обиделе да го изгаснат пожарот, но тој се проширил и возилото целосно изгорело. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид на местот на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец сакал да замени фалсификувани евра

Редакција

(Видео) Силен ветар во Штип оштети кров на училиште, откорна дрвја, оштети автомобили…

Редакција

Девојка од Злетово пријавила кражба додека ѝ била пружана лекарска услуга во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница