еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во јануари минимално зголемен бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е зголемен за 0,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи опаѓање од 3.4%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8%.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила

Редакција

Каков имот пријавил Лазо Узунчев, новиот директор на ЕСМ

Редакција

„Фибула ер травел“ го доби тендерот на Државниот завод за статистика за набавка на авионски билети вреден 50.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница