еМагазин
Локално

Несекојдневен случај: Полицајци затекнале крадец во кафана во Гостивар

На 04.09.2018 година околу 03.30 часот полициски службеници од Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода Н.И.(34) од гостиварското село Дебреше, кој претходно со употреба на сила влегол во угостителски објект на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, информира МВР.

Н.И. влегол во објектот и од фиока во работната маса одзел пари, а кога ги забележал полициските службеници почнал да бега, но набргу бил фатен. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ доби современ апарат за литотрипсија и нов апарат за мамографија

Редакција

Оштетени информативните табли на Агенцијата за млади и спорт и ААВМУ

Редакција

Обвинение за агент за недвижности поради измами во продажба на станови во Скопје​

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница