еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува за еден денар, бензините за денар поскапи

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот ќе се намали за еден денар, а бензините за еден денар ќе поскапат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Бензинот „Еуросупер БС-95“ ќе чини 83,50 денари за литар, додека „Еуросупер БС-98“ ќе изнесува 85,50 денари, дизелот ќе се продава по 77,50 денари, екстра лесното за 76,50, а мазутот по 41,667 денари за килограм.

Со Одлуката н РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 отсто во однос на одлуката од 6.3.2023 година.

Како што информира РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684 отсто, кај дизелот намалување за 2,149, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079 и кај мазутот има намалување за 0,996 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Редакција

Нема одговорност за министерот за образование за учебниците, авторите да обрнеле внимание, вели Ковачевски

Редакција

„Седи си дома со Милчо“: Сите филмови на Манчевски на МРТВ „против“ корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница