еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на туристи во јануари зголемен за 10,3%

Вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е зголемен за 10,3 отсто, а бројот на ноќевањата бележи раст од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јануари 2023 во однос на јануари 2022 година е намален за 9,8 отсто, а на странските е зголемен за 32,9 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е намален за 10 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17 проценти.

Бројот на туристите во јануари 2023 година изнесува 43.384 и од нив 43,2 отсто се домашни, а 56,8 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата е 88.635, од кои 50 отсто се од домашните туристи, а 50 проценти од странските.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Сите добитници на Годишните награди на Македонската берза за 2024

Редакција

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на УЈП за привремени вработувања вреден 9,3 милиони денари

Редакција

Македонија ќе има најмал раст и највисок буџетски дефицит во Западен Балкан, прогнозира Светска банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница