еМагазин
Македонија

„Траекторија“ продолжува на 18 септември со дослушување „бомби“ на СЈО

На 18 септември продолжува судењето по предметот „Траекторија“ на СЈО, на кој ќе бидат дослушани дел од 14-те бомби што попладнево судијата Горан Бошевски одобри да се слушнат во судницата на барање на одбраната, но без присуство на јавноста.

Во попладневниот дел од рочиштето, по паузата дадена за судот да се донесе одлука за барањето з (не)слушање на спорните 14 бомби, дел од нив сепак беа слушнати, но без присуство на јавноста. Обвинителката Лиле Стефановска за овие спорни „бомби“ сметаше дека не треба да се користат како докази, бидејќи биле приватни разговори, а некои и биле водени на странски јазик.

Судењето за предметот “Траекторија“, инаку, денеска продолжи по двомесечна пауза.

Во Кривичниот суд присутни беа обвинетите Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, како и обвинителката Лиле Стефановска.

За „Траекторија“ во судницата треба да се преслушаат вкупно 315 „бомби“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил: Фијаско во разговорите на македонско-бугарската Комисија

Редакција

Што прво прифатила, па одбила Бугарија: Објавен нон-пејперот од средбата на Димитров, Османи и Захариева во Берлин

Редакција

Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата, порача бугарскиот претседател Радев

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница