еМагазин
Свет

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места.

Според извршниот директор на Амазон, Енди Џеси компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели. Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.

Амазон претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанија од јуни ќе прима туристи кои прележале Ковид-19, со негативен тест и кои се вакцинирани

Редакција

Бројот на загинати во Израел надмина 500, непознато колку лица се киднапирани

Редакција

Планот за продажба на резерви на Меѓународната агенција за енергетика, ги намали цените на нафтата на 100 долари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница