еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ја номинираше Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање на кандидатка, Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Македонија.

Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 – 14 декември 2023 година во Њујорк.

Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Одделот за казниви дела, таа е претседателка на Одделот за судење во разумен рок и Одделот за судска практика), е поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Македонија.

Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот, од МНР и од Судскиот совет.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бакнежот „Бојкотирам“ и „За“ ги „зовре“ социјалните мрежи

Редакција

Гранит ќе дели дивиденда од 42 денари бруто по акција

Редакција

(Фото)„Бараме нова пресуда со реални очекувања, доста беше ова лудило“: Протест на семејството и блиските на загината Викторија Николова против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница