еМагазин
Image default
Македонија

Одбиено барањето за изземање на Катица Јанева, Груевски не дојде во Апелација

Поднесеното барање од адвокатите на Никола Груевски за изземање на специајлната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, имајќи ги предвид одредбите од ЗКП и од Законот за СЈО.

Претседателката на судечкиот совет на Апелацискиот суд Цветанка Периќ рече дека бидејќи барањето за изземање е одбиено, не постојат пречки за продолжување на јавната седница за жалбата на првостепената пресуда за Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.

На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд. Ѓоко Поповски и неговиот адвокат Стерјо Зиков дојдоа во Алецискиот суд.

Пред судот има полициско обезбедување, а има и граѓани кои протестираат.

За случајот „Тенк“, односно за набавката на лускузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

Во Кривичниот суд во Скопје за „Тенк“ се води и раздвоена постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

МИА/Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

8.700 килограми небезбедна храна откриена во туристичките места

Редакција

За една недела 185 лица до 19 години во Македонија заразени со Ковид-19

Редакција

Поранешниот градоначалник на Кочани Папазов пуштен во куќен притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница