еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

БНТ се емитува во Македонија, а МРТВ не во Бугарија, Ковачевски ќе прашал зошто

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.

„Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално Македонската телевизија, која што треба да зрачи, и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас,“ изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дека според Договорот за пријателство со Бугарија националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија.

Тоа засега не е случај, бидејќи нашата национална телевзија не се емитува во Бугарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 300.000 евра

Редакција

Рекордни 461 милиони евра за плати на администрацијата во буџетот за 2019 година

Редакција

Турски театар – Скопје склучи договор со Универзал-Балкан вреден 1,5 милион евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница