еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Шестгодишно девојче починало додека примало инфузија во болницата во Битола

Трагедија ја потресе Битола откако шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница, објави Независен.

Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете, и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

„Вчера околу 10 часот девојчето е примено на Одделението за педијатрија, третирано е со терапија и нешто по 14 часот му се влоши состојбата по што почина. Како болница побаравме обдукција која е во тек, а резултатите од неа ќе бидат дадени на Обвинителството, по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта“, изјави за „Независен“ д-р Обедниковски.

Таткото на шестгодишната Јана Христовска во изјава за „Независен“ вели дека до трагедијата дошло поради тоа што на неговата ќерка во моментите кога имала покачен шеќер во крвта ѝ дале гликоза во инфузија.

Девојчето е родено здраво велат родителите, без ниту една болест констатирана од лекарите досега. Таткото Стојче Христовски вели дека кога шеќерот на Јана бил 9 со инфузијата нагло скокнал на 19 единици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонреден инспекциски надзор во битолската болница по смртта на шестгодишната Јана

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Гаши со семејството патувал со обезбедување на свадба во Косово

Редакција

Курти: Нема да дозволам ситуацијата во Косово да се дестабилизира

Редакција

Има кредит од 17,2 милиони денари, имот во Хаг и Скопје: Што пријавил Никола Димитров, новиот вицепремиер за европски прашања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница