еМагазин
Локално

Кумановец доби кривична пријава за убиство во обид

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид”. На 02.09.2018 година околу 21.45 часот во домот на Н.Д. (40) на ул.„Доне Божинов“, Љ.М. со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градите на Н.Д., додека пак М.С.(47) го удрил со чаша по главата, информира МВР.

Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната помош, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Режисерот Милчо Манчевски му одржа лекција на скопскиот градоначалник Петре Шилегов

Редакција

(Видео) Огномет за време на денови на жалоста во Скопје, граѓаните згрозени

Редакција

Прилепчанец ја малтретирал вонбрачната сопруга

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница