еМагазин
Image default
Локално

Се проширува и уредува патеката за планински велосипедизам во Дојран

Се проширува и уредува патеката за планински велосипедизам во Дојран долж фронтовската линија од Првата светска војна.

Информацијата ја сподели градоначалникот, Анго Ангов, кој напиша на Фејсбук дека проектот за овој зафат е финансиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а сега се врши машинско израмнување на постојната траса со проширување на одредени места и со пробивање нова траса.

– Благодарение на овој проект во Општина Дојран, освен класичниот езерски туризам, ќе се развиваат и алтернативни форми на туризмот како што е off road велосипедизмот, за што ние како општина особено се залагаме.

Со оваа инвестиција ќе имаме зголемен број на активности, ќе се организираат рекреативни тури, како и спортски натпревари кои во иднина ќе придонесат голем број на вљубеници на велосипедизмот да се приближат кон природата, да рекреираат, но и подобро да ги запознаат природните убавини и богатата историја која ја нуди нашиот Дојран, објави Ангов.

Патеката е во должина од 16 километри. Ќе бидат набавени соодветни патоказни знаци за насочување низ трасата, а ќе бидат подигнати летниковци, дрвени клупи, канти за отпадоци, како и друга опрема која е планирано да се постави долж велосипедската патека.

Фото: Општина Дојран

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момче на 20-годишна возраст загина на Галичица

Редакција

На улица во Скопје пронајдена 29-годишна девојка прободена со нож, била нападната од три лица

Редакција

Тројца го тепале во дисконт на Аминта Трети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница