еМагазин
Image default
Бизнис

Во февруари зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани, е поголем за 1.8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првите два месеца од 2023, пак, бројот на работници бележи раст од 1.2 отсто со споредба со истиот период минатата година.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.8 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14.1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американски КФЦ доаѓа во Македонија: Првите ресторани ќе ги отвори во Скопје и Тетово

Редакција

Згасна и ВИС, Струмица остана без локална телевизија

Редакција

Досегашниот директор на НЛБ Банка, Антонио Аргир унапреден на нова менаџерска позиција во НЛБ Групацијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница