еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП со раст од 3,1 отсто во вториот квартал

Бруто домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава бележи раст од 3,1 процент, објави Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал годинава БДП имаше раст од 0,1 процент.

Во второто тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 13,9 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 12,7 отсто и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 4,5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69,6 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1.349 службеници кои земаат плата, а не одат на работа, ќе бидат распоредени во 237 институции

Редакција

Екстремисти планираат насилни протести во Србија

Редакција

Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница