еМагазин
Image default
Македонија

Столтенберг: Скопје имаше посебно место во срцето на татко ми

Во знак на благодарност на Град Скопје и на скопјани за несебичната помош на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името „Улица Столтенбергова”.

На свеченоста по повод иницијативата за именување на улицата денеска присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Шилегов додаде дека Скопје секогаш ќе се сеќава на тие што му помогнале во неговите најтешки времиња.

– Токму затоа, оваа табла му ја подарувам на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за да знае дека тоа што го направи неговиот татко за овој град, никогаш нема да биде заборавено – нагласи Шилегов.

Столтенберг изјави дека Скопје имало посебно место во срцето на татко му, поради блискоста со градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

-Тој беше почестен од неговото прогласување за почесен граѓанин на Скопје и сигурен сум дека ќе му претставуваше голема чест што улица во Скопје ќе биде именувана по него – кажа Столтенберг.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 16.000 наши државјани живеат во италијанските региони каде има изолација поради коронавирусот

Редакција

Од бугарското здружение “Иван Михајлов“ ќе се жалат во Стразбур откако добија негативно мислење за името

Редакција

Антикорупциска ја запре постапката за набавка на 200.000 кинески антиковид-вакцини со посредничката фирма од Хонг Конг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница