еМагазин
Бизнис

Иселеник во Америка гради фабрика за производи за лична хигиена во ТИРЗ Струга

Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ денеска почна со изградба на производствениот капацитет во ТИРЗ – Струга.

Инвестицијата се проценува на околу три милиони евра, а се состои од истражувачка лабораторија и капацитети за производство на средства за лична хигиена.

Објектот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни, a планирано е вработување на околу 250 лица од охридско-струшкиот регион.

Инвестицијата е на иселеник од Македонија во Америка.

Сопственикот на компанијата Арбнор Речи смета дека инвестицијата е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот.

– Можеме да обезбедиме иднина со која Македонија ќе извезува производи, а не луѓе. Стабилноста и растот ќе овозможат подобар живот за нашите деца, подобра иднина за луѓето. Одлучив да инвестирам не само во Македонија, туку и во граѓаните во земјата на мојот татко и дедо, подвлече Речи.

Производите за лична хигиена што ќе се произведуваат тука, очекува дека покрај во Европа ќе се извезуваат низ целиот свет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦГК: Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра, најскапото возило чинело 47.000 евра

Редакција

РКЕ бара БЕГ да ги сторнира зголемените сметки за парно за август

Редакција

Обештетени три четвртини од штедачите во „Еуростандард банка“, исплатени 3 милијарди денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница