еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жители на Грчец насилно приклучиле струја и направиле хаварија и огромна штета, ЕВН е на терен

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денеска останаа и корисниците на дел на територија на Сарај, информираат од ЕВН.

-По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија.

Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.

Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неконтролираното крадење на струја го остави Грчец без струја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силувал 13-годишно девојче

Редакција

Убава вест: Оздравени 42 пациенти од корона вирусот, од кои 27 од Скопје

Редакција

„Пелистерка“ предложи соработник на Заев за член на Надзорен одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница