еМагазин
Image default
Македонија

Да се објави договорот со „Бехтел и Енка“ за да се спречи грабеж на столетието, велат од Демократски сојуз

Демократскиот сојуз инсистира Договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д со „Бехтел и Енка“ да се објави и да биде предмет на стручна анализа и јавна расправа, особено што причина за законските измени се обврските вградени во договорот и прифатени од преговарачите и Владата.

„Криењето на договорот од јавноста, експертите и од пратениците, само ги засилува сомнежите и веќе изнесените информации, дека тој овозможува коруптивни активности и претставува своевиден грабеж на столетието,“ се вели во соопштението.

Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да отфрлат продолжение на расправата по законите во скратена постапка и да инсистираат за нив да се расправа во редовна и јавна дискусија, откако зад законите ќе застане Владата, а не група пратеници.

„Доколку продолжи мајоризацијата на ДУИ и СДСМ, тогаш ќе предложиме имплементацијата на договорот да се одложи преку измена на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д.

Доколку и натаму главна улога има Артан Груби, претходно како координатор на Комитетот за преговори при склучување на договорот со „Бехтел и Енка“, а сега како Координатор за спроведување на договорот, кој тврди дека договорот е „тајна и никогаш нема да се објави“, можно е да останеме и без пари и без автопати.

Инаку, досега проценетата вредност на овој проект е една милијарда и шестотини милиони евра (1,6 милијарди евра), но според проценките на експертите и поради лабавите клаузули во Договорот, можно е сумата да достигне и до 2 милијарди евра,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договорот со „Бехтел и Енка“ е тајна по барање на конзорциумот и никогаш нема да се објави

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот“: ВМРО-ДПМНЕ разочарани од „аматерскиот однос“

Редакција

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари позитивен на Ковид-19

Редакција

Објавен протоколот: Како ќе изгледа запишувањето во средните училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница