еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Полни автобуси и авиони: За Велигден најмногу се патува во Грција, Италија, Истанбул, Крф

Продолжените неработни денови за Велигден, граѓаните ги искористија за патувања во Грција, Италија, Истанбул и Крф, вели за еМагазин Елизабета Кочева Јосифовска од Атлантик груп.

„Најголема хит дестинација за Велигден е Крф, заради традицијата за овој празник кој што островот ја има, потоа Италија, Истанбул.

Но многу од граѓаните одат и на своја рака, кога е во прашање Грција бараат само понуда за хотел.

Италија е интересна за секој празник и има автобуски и авионски програми, така што се беше полно,“ вели Кочева Јосифовска.

Јуни е веќе полн за Грција

Таа додава дека раната резервација за Грција започнала уште во ноември, граѓаните ги искористиле попустите и јуни е веќе полн.

„Ние сме агенција која има најголем закуп за Грција, четири чартер програми Тунис, Хургада, Анталија и новата дестинација Кипар за која очекуваме доста интерес и полн авион, а чартерите стартуваат на 20 јуни,“ додава Кочева Јосифовска.

Цените за аранжманите се поскапени па така ако еден аранжман пред неколку години се продавал за 399 евра, сега истиот не е без 600 евра.

„Кризата ги погоди сите, па така и нашиот сектор. Но граѓаните сакаат да патуваат, бидејќи видоа што значи кога за време на ковид-кризата бевме затворени и затоа слободните денови ги користат да патуваат,“ вели Кочева Јосифовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кипар е нова хит дестинација за летово: Чартер летови Скопје-Ларнака

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени нови 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 1.411

Редакција

Клиника Жан Митрев згрижи 9 пациенти, тројца се испратени во соседните земји, тројца се пуштени дома а останатите се задржани на понатамошна опсервација

Редакција

Нов топол бран до крајот на неделава: Oд среда над 40 степени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница