еМагазин
Image default
Бизнис

Измените на Законот за работните односи заради Бехтел и Енка денеска на матичната собраниска комисија

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да ги разгледа измените на Законот за работните односи во деловите за прекувремена работа и местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес на државата што се предлагаат по скратена постапка со цел непречено извршување на работите од национален и стратешки интерес и нивно завршување во предвидените рокови.

Со законските измени се предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.

Со овие законски измени се очекува дека ќе се надмине состојбата на продолжување на роковите за прашања кои се од национален и стратешки интерес.

Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.

Министерот за финансии во согласност со министерот за труд и социјална политика по усвојувањето на законските измени ќе треба да донесе подзаконски прописи за регулирање на местото и начинот на исплата на платата на работниците на проекти од национален и стратешки интерес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГТЦ склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 901,7 илјади евра

Редакција

Новиот сопственик на „Сковин“ ќе добие згради, земјиште, возила…

Редакција

„Виз ер“ на патниците им ги враќа парите за една недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница