еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната на Мијалков бара да не се слушаат снимки во предметот „Тортура“

Со изведување на докази на Специјалното јавно обвинителство, односно видео и аудио снимки, денеска продолжи судењето за предметот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски.

Бранителот Љупчо Шврговски побара воопшто да не се пушта снимка од разговорот меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ-Латас со образложение дека се нарушува приватноста на Мијалков и дополнително побара да се исклучи јавноста за другите аудио докази.

На ова, обвинителот Љубомир Лапе од СЈО рече дека приговорот на одбраната бил за четвртиот разговор, а не за првиот, и оти тогаш треба да реагираат, а не анблок за сите разговори.

Во снимката што беше пуштена се слуша како Латас му вика на Мијалков да биде уапсен Бошковски во кафеана и да биде влечен на под. Мијалков го нарекува Љубе „лудак“ и додава „се бореше кучето“.

По пуштениот разговор, адвокатот Шврговски повторно реагираше дека во снимката има политичка конотација и приватен разговор и оти се прави театар за јавноста. Тој упорно бара да не се слушаат снимките.

Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.

МИА/Фото: Кривечен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Запалено возилото на новинарот и сопственик на М-нет од Штип, Благој Серсемов

Редакција

11 партии не доставиле финансиски извештаи за кампањата за локалните избори во 2021 година, открива Државна ревизија

Редакција

(Аудио) Нова „бомба“ со Зоран Милески Кичеец: Се спомнуваат 300.000 евра и имиња на функционери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница