еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицаец уби мигрант во Гевгелија

Утрово околу 06:20 часот во Гевгелија, кај Касарната, бил застрелан мигрант откако полицаец пукал по обидот на еден од криумчарите на мигрантите да му го одземе пиштолот.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

– Од страна на полициски службеници биле забележани патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од К. Ј. (26) и патничко моторно возило „форд фокус“, управувано од С.Б. (51), двајцата од Скопје, во кои илегално се превезувале мигранти.

Возилата биле запрени од страна на полициски службеници, по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а при тоа К.Ј. физички нападнал полициски службеник, обидувајќи се да му го одземе пиштолот.

Притоа, полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите, кој веднаш бил пренесен со полициско возило во објектот на Итна медицинска помош за укажување лекарска помош каде починал, информираше Трајанова.

За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за расчистување на случајот.

На местото бил извршен увид од ОЈО Гевгелија и по расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во нападите на Хамас загинаа најмалку 300 Израелци

Редакција

Му се враќа на бизнисот: Анѓушев по изборите, ќе се збогува со политиката

Редакција

Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница