еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Амбасада на САД за договорот со Бехтел и Енка: Ако има несоодветни активности тие треба да се истражат

„Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Северна Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“.

Ова за МИА го изјавија од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на договорот со „Бехтел и Енка“, во која тој побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“.

„Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел и Енка успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат за МИА од Амбасадата на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договорот со Бехтел и Енка ќе биде презентиран пред пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент: За неполна недела Македонија ќе стане Северна Македонија

Редакција

(Видео) Русија пред граѓанска војна: Москва влезе во конфликт со платеничката група Вагнер

Редакција

Адинг лани ја дуплирал добивката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница