еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено обвинение за анестиозлогот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „Тик Ток“

Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово поднесе Обвинителен предлог против анестезиологот од тетовската болница кој на социјалната мрежа „Тик ток“ снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

Тој е обвинет за кривични дела – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик.– Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово.Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анестезиолог „тик-токер„ може да остане без лиценца за работа седум години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа: „Виз ер“ ќе суспендира голем број летови од Охрид и Скопје

Редакција

Гнев на социјалните мрежи, откако се појавија фотографии со огромни гужви во „Сити мол“ за Black Friday

Редакција

Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на Македонија и за обезбедување на Идризово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница