еМагазин
Image default
Бизнис

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Витаминка и овој пат својот асортиман го претстави на саемот ISM Келн, во Германија еден од најважните настани за кондиторски производи и закуски. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, присуството во Келн е можност за стекнување нови пазари, но и за следење на новите трендови во индустријата, информираат од таму.

„ISM Келн претставува собир на најголемите и најзначајните компании од секторот и тука се презентираат трендовите, иновациите и перспективите во оваа индустрија. Освен иницијалните контакти, воспоставување релации и партнери за нови пазари, ова е главниот фокус на нашето присуство тука и очекувани придобивки.

Дополнително како компанија од Македонија со претставувањето на производите на Витаминка го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава, што е дополнителна предност. И оваа година нашето претставување помина успешно и ја исполнивме целта“, изјави Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка.

Саемот ISM ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Присутни се повеќе од 1.200 изложувачи од повеќе од 70 земји од целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс со добивка во првиот квартал

Редакција

Коста Петров поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за иновации и технолошки развој

Редакција

Заваровалница Триглав и официјално стана трет пензиски фонд на македонскиот пазар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница