еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Завршни зборови на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да се одржат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 лица.

Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6. месецов.

Минатото рочиште по завршување на сведочењата, судијата Јордан Велковски ги праша адвокатите, дали обвинетите ќе даваат исказ, на што бранителите одговорија дека обвинетите нема да даваат свој исказ.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 бил итно опериран во градската болница по воспаление на желудникот

Редакција

Министерството за финансии вработува 17 државни службеници, плата до 32.868 денари

Редакција

До понеделник многу топло време, од вторник пад на температурите за неколку степени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница