еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, купена пред половина година во местото Елани на Халкидики, потврдуваат од ДКСК за МИА.

Од таму нагласуваат дека  можност да го проверат случајот има дава членот 96 од Законот за спречување на корупцијата.

Порталот „360 степени“ вчера објави дека куќа во местото Елани, на првиот крак на Халкидики, во Грција, од пред половина година се води на име на мајката на сопругата на претседателот на ДИК, Даштевски.

Според порталот, 75-годишната пензионерка од Куманово го ополномоштила зетот Даштевски да ја води и да ја заокружи купопродажбата на куќата од 111 квадратни метри чија официјалната вредност наведена во нотарските акти е 110.000 евра.

Александар Даштевски беше избран за претседател на Државната изборна комисија во јануари 2021 година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфективните одделенија се оптоварени, лекарите преморени: Реорганизација за напливот пациенти со корона вирусот

Редакција

Вработена во Армијата барала поткуп од 3.000 евра од кандидат за да биде примен на работа

Редакција

Цементарница Усје во првиот квартал со зголемена добивка и продажба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница