еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мигрантката која беше убиена во Гевгелија имала 23 години, сопругот тврди дека била бремена

Италијанската невладина организација „Second tree“ го откри идентитетот на мигрантката која пред една недела беше убиена од македонски полицаец кај касарната во Гевгелија, откако еден од криумчарите на мигрантите се обидел да му го одземе пиштолот.

Станува збор за 23-годишната Фатмата Бакар од Сиера Леоне

Според информациите кои невладината ги објави на социјалните мрежи таа пред два месеци му кажала на сопругот Абу Бакар дека е бремена.

-Немале документи, ниту пари, па никогаш не направиле тест. Тој се уште не знае дали нивното прво дете починало со сопругата, објави „Second tree“.

Во објавата се додава и дека нејзиниот сопруг бил со неа кога била застрелана.

-Таа го извикала неговото име а, потоа тој молел за помош. Видеото на кое се гледа Абу Бакар како ја гушка Фатмата и го извикува нејзиното име додека таа крвари на подот од прострелната рана, остава само празнина, стои во текстот на невладината.

Двајцата криумчари на мигранти се уапсени, но нема информации за истрагата и што е утврдено, ниту пак е објавено каде и кому е предадено телото на младата жртва, кое како што тврдат од невладината, нејзиниот сопруг се уште не го видел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец уби мигрант во Гевгелија

Фото: Инстаграм/„Second tree

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство отвори посебни сметки за донации: Може да се донираат парични средства, но и опрема 

Редакција

(Видео) Папата Францис секој ден се јавувал во црква во Газа

Редакција

„Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци“, вели Јовановиќ за пролонгирањето на прогресивниот данок

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница