еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маргарита Цаца Николовска избрана за претседател, работната група за уставните измени ја одржа првата седница

Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот денеска одржа констититутивна седница.

Членовите, како што соопшти Министерството за правда, едногласно ги избрале претседателот и заменик-претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседател е Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да формира  работната група.  Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот. По изготвувањето предлогот  ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови се од институции, Кабинет на претседател, МНР и СЕП.

Фото: Министерство за правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Западот го уништува ОБСЕ, порача Лавров, дел од делегациите го напуштија неговото обраќање

Редакција

„Кокра е арт-1“ од село Порој го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на јачмен вреден 421.000 евра

Редакција

Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница