еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Општина Центар ја урива доградбата на „Мекиците од стража„ на улица Македонија

Овластениот градежен инспектор на Општина Центар, постапувајќи по службена должност излезе на лице место и со записник констатираше дека инвеститорот на угостителски објект на улица Македонија, “Бистро Мекиците од стража“, без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14,00 x 6,00 метри, информираат од Општината.

Овластениот градежен инспектор донесе решение дел од објектот кој е бесправно изграден да биде отстранет во рок од три дена.

“Бидејќи инвеститорот не постапил по решението, Општина Центар пристапи кон присилно извршување на решението и уривање на дивоградбата.

Трошоците за извршување на решението ќе бидат надоместени од страна на инвеститорот.

Инвеститорот градел без одобрение за градење согласно член 134 од Законот за градење.

Општина Центар внимателно го следи исполнувањето на законот за градење и нема да дозволи дивоградби на својата територија“, велат од Општината.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за скопјанка која разменила фалсификувани евра во казино

Редакција

Инспектори изеле ќотек при интервенција за фрлање шут сред Скопје

Редакција

Двајца го тепале на Камени мост во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница